Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 22.05.2025 година успешно реализираше информативна акција за промоција на новите паркинг карти во Дебар Маало.
Во рамки на акцијата, на граѓаните им беа дистрибуирани флаери со информации за новите типови на паркинг-карти достапни во Општина Центар. Станува збор за:
• Мулти-неделна паркинг-карта, со цена од 2000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.
• Гостински паркинг-карти, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа:
– Дневна гостинска карта – по цена од 300 денари
– Неделна гостинска карта – по цена од 1200 денари
Овие гостински карти можат да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот каде што жителот има пријавено живеалиште.
На настанот учестуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски кои на лице место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг карти. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг системот и овозможувањето на полесен и поефикасен пристап за сите корисници.
Со оваа активност, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг карти се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар, и истите можат да се купат на веб страната www.poc.mk .