27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Трајко Славевски /скриншот/ВМРО ДПМНЕ Youtube
БИЗНИСвест

Трајко Славески да биде именуван гувернер на НБРМ – неговиот потпис ќе стои на македонскиот денар

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка, соопштија од Претседателскиот кабинет.

– Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од Претседателскиот кабинет.

Можеби ќе ве интересира

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

ДЕСК

Во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година

ДЕСК

Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 200 проценти: „Мора да ни дадат магнети“

C +