27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото (c) Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ски центарот „Михајлово“ остварил приходи од едвај 10.000 евра за цела сезона, советниците од СДСМ прашаа зошто не се објавува колку билети биле наплатени

На последната седницва на Советот на Општина Кавадарци се расправаше за финансискиот извештај на новиот ски центар „Михајлово“.

Советниците од редовите на СДСМ поставија неколку битни прашања за коине крајот не добија конкретен одговор.

Советничката Валентина Бањанска од СДСМ рече дека целиот финансиски извештај е многу сиромашен, напишан на една и пол страница и во него нема конкретни податоци колку билети се продадени, колкав е приходот од изнајнување на ски опера и слично.

„Во ставката сопоствен извор на приходи има 638.195 денари, што одговара на 1000 продадени влезници по цена од 600 денари, а се зборуваше дека дневно ски центарот го посетуваат по 2500 граѓани“ рече таа.

Советникот Вуко Мелов пак праша каков вид на градба е и кој стопанисува со објектот Бачило во ски центарот.

„Дали бачилото кое е поставено веднаш до стазата има соодветна документација како објект дали од траен или од времен карактер? Кој стопанисува со бачилото? Дали стопанисува Ски Михајлово или приватна фирма, и дали има спроведено соодветна постапка за избор на фирма која ќе стопанисува со истиот? На сите овие прашања одговор сеуште немаме добиено!“ заклучи Мелов.

Можеби ќе ве интересира

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се закопа во сопствените лаги СДСМ гласаше за забрана за увоз на отпад и тоа го објави Шукова

ДЕСК