Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата на спортските терени за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден.
Во рамки на реконструкцијата ќе биде поставена заштитна ограда и метални столбови за осветлување. На игралиштето за мал фудбал и ракомет и одбојка ќе бидат поставени нови голови, вештачка трева, а на игралиштето за кошарка нови табли и обрачи за кош, додека подот ќе биде поплочен со гумирана подлога. Исто така во рамки на спортските терени ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овие спортски игралишта.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на работните активности на спортските игралишта, пришто истакна дека со реконструкцијата учениците од ова училиште ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден спортски простор, наменет за квалитетно и безбедно одржување на часовите по физичко и здравствено образование. Тој додаде дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.