Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Драматични промени со времето – Метеоцентар ја објавува четиридневната прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.

Прогноза за 22.05.2025
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 23.05.2025
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 23°C до 31°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 24.05.2025
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +