7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира стотици илјади мигранти од Венецуела

Врховниот суд на САД вчера пресуди дека стотици илјади мигранти од Венецуела кои претходно беа заштитени од депортација можат да бидат отстранети од земјата, потврдувајќи го барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за укинување на привремената политика со која се заштитуваа.

Според медиумските извештаи, одлуката се однесува на околу 350.000 Венецуелци на кои им е дозволено да останат во Соединетите Американски Држави според политиката воведена од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. Им беше доделена заштита поради политичката и економската нестабилност во Венецуела под водство на претседателот Николас Мадуро.

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, во февруари објави дека заштитата за одредена група венецуелски мигранти ќе заврши на почетокот на април. Судија на федералниот суд во Сан Франциско го блокираше потегот, што ја поттикна администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

C +

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

C +