7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Членовите на СЗО гласаа за глобален договор за пандемии

Членовите на Светската здравствена организација вчера гласаа на Светското здравствено собрание за потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста во услови на пандемија.

124 земји гласаа „за“, откако Словачка повика на гласање, додека премиерот на земјата Роберт Фицо, скептичен кон вакцината против Ковид-19, побара неговата земја да го оспори усвојувањето на договорот.

Ниту една земја не гласаше против, а 11 земји, вклучувајќи ги Полска, Израел, Италија, Русија, Словачка и Иран, се воздржаа.

Нацрт-договорот, кој се однесува на структурните нееднаквости во начинот на кој се развиваат лекови или вакцини и здравствени алатки, ќе биде формално усвоен денеска на пленарната сесија на Светското здравствено собрание во Женева.

Но, формално нема да стапи на сила сè додека не завршат преговорите за анекс за споделување на патогени, што може да потрае и до две години. После тоа, државите ќе треба да го ратификуваат договорот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

C +

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

C +