Пожар избувна утрово во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим, по серија експлозии предизвикани од напади со украински беспилотни летала, објави „Киев Индепендент“.
126-та независна бригада за крајбрежна одбрана на руската Црноморска флота наводно е стационирана во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот.
Crimean Wind објави снимки направени од локалното население на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации низ Крим.
Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол.
Украинските власти сè уште официјално не го коментираа нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.
За време на војната, Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околните области, значително ослабувајќи ја руската Црноморска флота./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...