Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УНИВЕРЗИТЕТ ШТО ЈА НАПУШТИ УНГАРИЈА ПОРАДИ ОРБАН РАЗМИСЛУВА ЗА ВРАЌАЊЕ – Нов сигнал по политичките промени во Будимпешта

ДЕСК

ОН ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ТРАГЕДИЈА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ХОРМУЗ – 25 загинати морнари и 134 поморски инциденти

ДЕСК

АМЕРИКА ПОВТОРНО ГО ОТВОРИ НЕБОТО – По речиси пет часа прекин, авионите повторно полетуваат, но хаосот продолжува

ДЕСК