Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче

Изјава на Христијан Мицкоски интегрално:

„Добар ден и од мене,

Убав ден за Општина Аеродром, за Лисиче затоа што конечно ова училиште добива спортски објект во којшто ќе можат повеќе од 200 дечиња да спортуваат и тоа е она коешто е важно затоа што кога се гради, кога се создава и кога се прави додадена вредност, тогаш треба сите да се радуваме.

Јас сум денеска среќен затоа што еве поставивме еден камен темелник на еден објект којшто за 10 месеци од денеска ќе биде место каде што повеќе од 200 дечиња ќе спортуваат, ќе се дружат, ќе го градат својот дух и јас сум сигурен колку повеќе вакви објекти, колку повеќе корисници на ваквите објекти толку поздрав дух и толку понапредно општество ќе имаме, општество коешто ќе биде дом за сите.

Така што уште еднашка сакам да му честитам на градоначалникот за напорот, за трудот за сето она што го прави за Општина Аеродром. Да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата, администрацијата, да се заблагодарам на колегите од Владата, на министерката, на сите останати што ете секој ден, буквално секој ден во неделата работат неуморно за да може да испорачаме проект повеќе којшто ќе значи додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, а на Лисичани им честитам, им посакувам уште многу вакви проекти.

Знаете дека привршува евалуацијата на оние проекти коишто пристигнаа од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, Општина Аеродром еден од проектите којшто овој дел од Општина Аеродром ќе го добие, целосна реконструкција на водоводната мрежа го најави тоа и градоначалникот така што продолжуваме и понатаму да градиме. Тоа е она за коешто граѓаните ни дадоа доверба.“