22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Општина Битола: Изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на ул. „Бурса“

Соопштение на Општина Битола:

По девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, согласно договорот за изведување, настанатото оштетување ќе биде санирано од страна на изведувачот.

Наведениот објект, односно ул. „Бурса“ е во гарантен период и сите аномалии кои што се појавиле или ќе се појавуваат, обврска е на изведувачот да ги санира, со цел улицата да има нормален тек и изглед.

Проектот се реализира преку Договор за имплементација за под проект:

Реконструкција на ул. „Бурса“, од спој со ул. „Македонска фаланга“ до спој со новопроектирана ул. „Индустриски пат“, во согласност со Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Светска банка.

Градоначалникот на општина Битола, во повеќе наврати побара професионалност и одговорност во изведбата на инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека, улиците на кои во изминатиот период се појавиле недостатоци по реконструкцијата, ќе бидат корегирани на трошок на изведувачите. Општински средства може да се исплатат само за успешно завршена работа, согласно склучените договори.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ и за првпат продолжен престој за учениците од прво до трето одделение

ДЕСК

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

ДЕСК

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

ДЕСК