Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода лице(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.

Мажот бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК