Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Денеска (10.05.2025) во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(28) од с.Биљановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така, денеска (10.05.2025) во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(42) од с.Доброшане, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Денеска (10.05.2025) околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(28) од с.Табановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК