Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Спремен сум да разговарам со сите пратеници за Законот за Кочани, но владејачкото мнозинство на сила ги отфрла сите наши предлози

Владејачкото мнозинство, за жал, ги отфрла на некој начин „на сила“ сите наши предлози од опозицијата и тие не ни стигнуваат да бидат дебатирани, порача во синоќешната емисија Политиканти, лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.

Тој додаде дека е подготвен да се сретне со сите пратеници од сите политички партии со цел законот со кој ќе им се помогне на граѓаните од Кочани, да биде донесен.

„Апсолутно уверен дека сите политички чинители треба вистински да направиме нешто за да се смени нешто во државата, затоа и ги иницирав тие средби. Ајде да најдеме начин, макар тоа била анкетна, надзорна или било каква комисија. Апсолутно никој од СДСМ нема проблем да се разговара на соодветен начин, без да се политизира, на било која тема. Но, ако инструментите што ги нуди Собранието или било кое друго тело се злоупотребуваат, апсолутно сметам дека нема потреба да правиме политички циркус“, рече Филипче.

Инаку, пред извесен период СДСМ предложи закон за помош на семејствата во Кочани, односно финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување.