Centar.mk
СВЕТ

Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, повика на деескалација

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, и ги повика Пакистан и Индија да најдат начини за деескалација, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Рубио, исто така, понуди американска помош за започнување конструктивни разговори за да се избегнат идни конфликти, рече портпаролот.

Пакистан соопшти дека рано утрово започнал воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази, вклучувајќи и складиште за ракети во северна Индија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +