Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој денеска присуствуваше на отворањето на новата градинка Пролет во истоимената населба истакна дека станува збор за модерен објект по светски стандарди за разлика од проектот Скопје 2014.
„Навистина чувството е пријатно кога присуствуваме на една промоција на еден ваков објект кој ќе задоволи една вистинска потреба на граѓаните. Една целосно нова градинка, еден целосно нов модерен објект по најсовремените светски стандарди. Со овој архитектонски дизајн пуштаме порака дека кога се грижиме вистински за Скопје градот може и добро да изгледа. Една дијаметрална спротивност од оној грд проект Скопје 2014 кој освен тоа што страшно го нагрди градот нема никаква функционалност“, рече Филипче.
Тој на отворањето на градинката искажа благодарност за градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој во три ипол годишниот мандат ги постави темелите и ја изгради градинката на маркица каде требаше да има деловен објект.