Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Има уште тројца за кои, за жал, има сомнеж дека се живи“, рече тој во видео порака објавена на неговиот профил на Икс мрежата.

Нетанјаху изјави дека Израел „нема да се откаже од ниту еден од нив“. Тој, исто така, истакна дека Израел ќе може сам да се справи со Хутите.

„Израел ќе се брани. Го правиме ова во Јемен, го правиме ова и на други места, на долги растојанија. Израел има многу долга рака и ние ќе знаеме како да ја користиме. Ако ни се придружат и други, нашите американски пријатели, уште подобро. Ако не, ќе се браниме“, рече тој.

Нетанјаху го опиша Иран како „голем предизвик“ во видео пораката. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека бројот на живи заложници во Газа се намалил од 24 на 21./Извор:Makfax