11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лица

СВР Скопје го расчисти убиството кое вчера (03.05.2025) околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши Н.А. (38) од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на ГП Табановце.

На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода.

фото Centar.mk

Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.

По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “Убиство” по чл. 123 ст.2 т.2 од КЗ и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело” по чл. 365 ст. 3 од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

ДЕСК

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

ДЕСК

Пукање пред локал во Скопје – Неколку проектили завршија во возило

ДЕСК