12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе по повод 122-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.

Свежо цвеќе положија и делегации на Владата, на Собранието, претставниците на дипломатскиот кор, на политичките партии, на граѓански здруженија и бројни други почитувачи на ликот и делото на Делчев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.