Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Државниот секретар во МВР Петрушевски оствари средба со амбасадорката на Романија во Р.С.Македонија Аксинте

Денеска (29.04.2025) државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со амбасадорката на Романија во земјава, Н.Е. Адела Моника Аксинте.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, истакнувајќи ја одличната соработката на Владите и Министерствата за внатрешни работи, при што беше изразена подготвеност за натамошно нејзино интензивирање и продлабочување.

Државниот секретар во МВР Петрушевски изрази благодарност за досегашната поддршка и соработка со Романија, која е на високо ниво. Исто така, тој ја потенцираше потребата за продолжување на регионалната соработка и брзата размена на информации, се со цел сузбивање на организираниот криминал, илегалната миграција, како и во делот на борбата против криумчарење мигранти и борбата против тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврди силната поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија, како и за нивната подготвеност да понудат помош во конкретни области кои се од заеднички интерес.

На средбата се разговараше и за заедничкото учество во меѓународните и регионалните иницијативи, организирањето на обуки во претстојниот период и можностите за натамошен развој на билатералните односи.

Можеби ќе ве интересира

АПСЕЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ СКОПЈЕ: 9 лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Кривични пријави за повеќе лица – Овозможиле лице да користи дв идентитети

ДЕСК

Хорор за наставничка од Кавадарци откако го оставила профилот на социјална мрежа неодјавен, а колешка го искористила тоа – реагираше полицијата

ДЕСК