7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На лекување остануваат уште 33 пациенти во странство и тројца во државата

Денеска, се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти, информира Министерството за здравство.

„Денеска, уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија по што, во согласност со протоколот, тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, а еден пациент на сопствено барање лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев“, велат од таму.

Во земјата во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница „Систина“ двајца пациенти.

Во текот на утрешниот ден е најавено враќање уште на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

ДЕСК

Филипче со моќна порака до Христијан Мицкоски

ДЕСК

(ФОТО) Митингот на СДСМ започна – еве колку народ се насобра во Валандово

ДЕСК