Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот.

„Од почетокот на денот, руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000 пати. Сепак, денеска немаше предупредување за воздушен напад“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој, исто така, предложи да се продолжи примирјето за триесет дена кога станува збор за напади со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилната инфраструктура.

„Доколку Русија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека планира да продолжи со она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на Икс.

Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин не издал наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот во Украина.

Примирјето што Путин го прогласи во саботата истече на полноќ по московско време (23 часот по македонско време во недела).

Руското Министерство за одбрана објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италијанците живеат најдолго во Европа

C +

Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025 година

C +

ЕУ замрзнува 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати репарации

C +
error: Соддржината е заштитена.