17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание на американските царини. Економскиот раст во првите три месеци од годината ги надмина очекувањата, поттикнат од посилната продажба на мало и индустриското производство.

Заменик-директорот на кинеското Национално биро за статистика, коментирајќи ги штотуку објавените податоци за БДП, рече дека кинеската влада силно ги осудува „американските царински бариери и трговското насилство“. Шенг Лајјун тврди дека таквите мерки ги прекршуваат меѓународните закони и принципи на Светската трговска организација (СТО) и имаат сериозен ефект врз глобалниот економски поредок.

Додаде дека објавените податоци ја покажуваат отпорноста на кинеската економија во кризни услови, но дека „високите царини наметнати од САД ќе донесат одреден притисок врз надворешната трговија и пошироката економија на Кина“.

Сепак, тој вели дека царините нема да го запрат кинескиот раст на долг рок и дека Кина ќе реагира проактивно: „Пекинг има богат арсенал на мерки за стимулирање на растот и е подготвен да преземе конкретни чекори за поддршка на економијата“, рече Шенг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дали во понеделник треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 18-ти август 2025

ДЕСК

Нови цени на горивата

ДЕСК

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК