Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костова: Владата има очајно лош перформанс

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360“ истакна дека владата во изминатите девет месеци има очајно лош перформанс.

-Има дивеење на цените, владата не прави ништо за зголемување на платите, прават економски манупилации и нарушувања во пресметките на реалните трошоци да добијат бројки кои ќе им бидат подобри. Сметките за струја се покачени за 30%, за парно 5%, има пад на индустриско производство за 1,4 %, намален извоз за 5,9%, а странските инвестиции си одат, се затвоараат фабрички погони., нагласи Костова.

Потпретседателката на СДСМ додаде дека унгарскиот кредит, договорен во четири очи ниту најавен, ниту ветен, ниту побаран од граѓаните, ја води Македонија во должничко ропство.

-Унгарскиот кредит е можеби спас за нефункционалните општини предводени до ДПМНЕ, проектите за кој се даваат средства се непродуктивни, не се развојни, рече Костова, додавајќи дека наместо да се зафатат со сериозните економски предизвици, фрлаат пари на камења, како продолжување на тоа Скопје 2014.

Костова рече дека владата покажува и авторитрани тенденции и прави комплетна блокада на евроинтегративниот процес.

-Сето ова е заокружено со неумесните изјави дадени на Мицкоски, кој покажува такво изостанување на политичка култура, користи лош и за премиер несоодветен хумор и цизимам во неговите обраќања, навреди за граѓаните. Тоа укажува и на недостаток на демократски врдедности во постапувањата. Лидерските способности, кои ги изразува покжауваат загрижувачко ниво на потпросечност и државата оди во тотално погрешен правец, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

ДЕСК

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.