6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Волонтерска акција за позелена иднина во Лозово

ЕВН Македонија заедно со Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција  во Штип, реализираа волонтерска акција за садење на 300 садници во општина Лозово, како резултат на долгогодишната посветеност кон одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Во рамки на проектот за волонтирање на ЕВН, групата од 14 волонтери заедно со општинските претставници работниот ден го посветија на пошумување на одредени локации. Со оваа акција се придонесе кон позелено и почисто Лозово, а со тоа и подобар квалитет на живот на населението во подолг рок. 

Проектот на ЕВН кој овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата, од обмислување до реализација на идеите, започна во јули 2017 година. До сега се реализирани 57 активности со над 600 вработени.

Волонтерските активности се дел од континуираните напори на ЕВН Македонија за спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание врз животната средина. Компанијата е целосно посветена на поттикнување на вработените и реализација на активности со цел подобра иднина за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +