9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.

Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.

Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.

Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК

Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

ДЕСК

Влатко Сулев: Денес повеќе од било кога ни е потребна туристичка промоција!

ДЕСК