18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ е силна, СДСМ е спремна, за доброто на Македонија и на сите граѓани

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на прес-конференција им се заблагодари на сите членови и поддржувачи по изборот за нов 4 годишен мандат на чело на партијата, потенцирајќи дека ова е заедничка победа на сите што веруваат во вредностите на социјалдемократијата — правичност, напредок и еднаквост.

Како што истакна Филипче, значително зголемената поддршка во споредба со претходниот пат е потврда на исправноста на досегашните политики на СДСМ.

„Ова не е само моја победа, ова е заедничка победа. Фактот што добив двојно повеќе гласови од минатиот пат е доказ дека нашата интензивна работа дава резултати и дека нашите членови искрено веруваат во исправноста на политиките што ги водиме.“ рече Филипче.

Тој најави продолжување со искрена комуникација со секој член и поддржувач, потенцирајќи дека секоја идеја ќе биде разгледана и доколку е добра, ќе биде вградена во политиките на партијата.

Претседателот Филипче најави интензивна подготовка за локалните избори, со фокус на избор на најдобрите претставници што ќе ги бранат социјалдемократските вредности и продолжување на борбата против погрешните политики на актуелната власт.

„СДСМ е спремна, СДСМ е силна, СДСМ е консолидирана. Се враќаме на победничките патеки. Ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, за доброто на Македонија и доброто на сите граѓани.“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК