9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЦУК
МАКЕДОНИЈА

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што истата е излеана преку мостот кај н.м.Љубош и низводно, и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија.

Исто така пријавено е и поплавување на дел од булеварот Борис Трајковски кај населба Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини. Според информациите од лицето за контакт од ЕЛС Студеничани, интервенираат службите на ЕЛС Студеничани со локалните фирми, а исто така на терен има и претставници од ЕЛС Кисела Вода.

Во текот на ноќта, на Единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче (општина Аеродром), каде интервенира ЕЛС Аеродром.

Исто така, на поплавените места интервенираат и БППЗ на град Скопје и Јавните претпријатија на град Скопје и ЕЛС.

АМСМ известува дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче према село Долно Лисиче (општина Аеродром) и првиот мост во село Батинци (општина Студеничани).

ЈСП Скопје, известува дека поради поплавите од Маркова река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.

Македонски железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК