12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Медицински техничар уби девет пациенти во Германија, почнува судењето

Денес почнува судењето на медицинскиот техничар кој предозирал до смрт девет пациенти во одделението за палијативна нега во Германија.

Властите го товарат 44-годишниот медицински техничар за девет убиства и 34 обиди за убиства, пренесува агенцијата ДПА. Злосторствата се случиле во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија помеѓу декември 2023 и мај 2024 година.

Во пресудата се наведува дека на пациентите во одделението за палијативна нега им инјектирал моќни седативи и лекови против болки. Девет од нив починале како последица на тоа, пренесува дпа. Обвинителите веруваат дека 44-годишниот сакал да го намали обемот на работа во болницата.

Досега се извршени пет ексхумации за да се повтори обдукцијата, потврди портпаролката на јавниот обвинител во Ахен, кој истражува дали има уште такви случаи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +