11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски по разговорот меѓу Путин и Трамп: Русите планираат неколку нови офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по вчерашниот договор за ограничен прекин на огнот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави дека рускиот претседател планира неколку нови офанзиви.

„Путин сака да почне неколку офанзиви во правец на Запорожје, на исток, во правец на Харков и Суми, со цел да изврши максимален притисок врз Украина. Тој ќе се обиде да го направи тоа во наредните месеци. И не му е грижа колку од неговите луѓе ќе загинат“, рече Зеленски.

„Тој, заедно со неговите Севернокорејци, пријателите од Иран и дроновите ‘Шахед’, сака да влезе во нашите територии што е можно повеќе за во некој момент да повика на прекин на огнот со ултиматум за Украина за да се најде во поповолна ситуација и да изврши максимален притисок врз Украина, нашиот народ и мене лично. Тоа е факт“, рече Володимир Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +