Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Започнаа градежно реконструциски работи на граничниот премин „Маркова нога“

Директорот на бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи на граничниот премин „Маркова нога“, настан на кој што беше и претседателот на Владата на РСМ, г-динот Христијан Мицковски како и амбасадорот на ЕУ во нашата земја Михалис Рокас и претставникот на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан.

Практично после повеќе децинии со проектот за повторното отворање на овој граничен премин со јужниот сосед се создаваат нови перспективи во контекст на регионалната соработка.

Инаку станува збор за проектот –„ЕУ поддршка за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“ финансиран од страна на Европската Унија и имплементиран од страна на Канцеларијата на УНДП во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.