Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации

„Импресивно делува сето тоа бидејќи до крајот на месецот очекуваме нов 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар.“, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

„60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната влада во рок од две-три години да го помисли. Сега, за неколку месеци веќе е решено, и доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и доброто е тоа што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град.

И нормално тоа е добро за туристичката сезона во Охрид, и нашите туристички центри, не само Охрид туку и останатите бидејќи на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до останатите туристички места низ државата.“, потенцираше Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК

Средба Андоновски – Варнс

ДЕСК