20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец преку фирма набавил три автомобили, но не ги платил – Се сомничи дека оштетил три лица за над 80.000 евра

На 06.03.2025 во СВР Скопје, 63 – годишник од Охрид, 47 – годишник од Куманово и 37 – годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ.(59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје.

Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за патничко возило „ланд ровер“ со охридски регистарски ознаки и две патнички возила „тојота“, двете со кумановски регистарски ознаки, но договорената сума за секое возило поединечно не им била исплатена во определен рок и на тој начин биле оштетени за вкупна сума од околу 80.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

ДЕСК

Возел над 100, а дозволено било 50 – заврши во полициска станица

ДЕСК

Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

ДЕСК