Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот врз енергетскиот сектор на Украина руската војска лансирала 70-ина проектили и речиси 200 беспилотни летала и дека првиот чекор кон мирот треба да биде да се запрат таквите напади врз украинската инфраструктура.
Тој посочи дека се работи на санирање на штетите и дека авионите „ф-16“ и „мираж 2000“, обезбедени од Франција и распоредени за заштита, успешно дејствувале против руските ракети, пренесе „Укринформ“.
Зеленски повика на прекин на нападите нагласувајќи дека тишината на небото и гаранциите за нормален поморски транспорт ќе бидат клучни за воспоставување мир.
Повтори дека Украина сака мир од почетокот на војната, а Русија мора да ги запре нападите./Извор:Makfax