Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Масивен руски напад врз Украина, одекнуваат експлозии, има повредени

Русија утринава погоди објект на цивилна инфраструктура и станбена зграда во Харков при голем напад на Украина, а засега е познато дека се повредени пет лица, објави градоначалникот на градот Игор Терехов.

Според Терехов, на местото на ударот избувнал пожар, пренесува Укринформ.

„Оштетена е и блиската станбена зграда. Од неа се евакуираат сите жители“, додаде градоначалникот.

Во Харков утринава се слушнале две експлозии за време на тревога за воздушен напад.

Во Тернопилската област се забележани и руски ракетни напади врз важен индустриски објект, објави шефот на регионалната воена управа во Тернопил, Вјачеслав Негода.

„Како резултат на ноќен непријателски напад во регионот Тернопил, проектили погодија важен индустриски објект. Можни се ограничувања на снабдувањето со гас. Силите за противвоздушна одбрана го соборија непријателскиот проектил“, се вели во извештајот.

Тој додаде дека нема повредени и дека надлежните служби ги отстрануваат последиците.

Русија утринава лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Црното Море и ударни беспилотни летала, а во Украина беше прогласена голема воздушна тревога, објави Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина на Телеграм./Извор:Makfax

РЕГИОН

Воз усмрти мајка и двегодишно дете во Хрватска

C +

Двегодишно дете и неговата мајка (32) загинаа синоќа од патнички воз во близина на железничката станица Запоље кај Нова Градишка во Хрватска, извести утринава полициската управа Брод-Посавина.

Половина час по полноќ, на јужната пруга кај железничката станица Запоље, патнички воз налетал на жена и дете, кои починале на лице место, извести хрватската полиција, пренесува Хина.

Во текот на истрагата железничкиот сообраќај е во прекин, а за несреќата е известено Жупаниското државно обвинителство во Славонски Брод.

Уште една трагедија утрово ја погоди Хрватска кога три деца загинаа во пожар во ромската населба Куршанец кај Чаковец. Според хрватскиот Индекс, жртвите се родени во 2018, 2016 и 2022 година. Спасено е новороденче.

Причината за пожарот се уште се утврдува. Посебно се истражува каде се наоѓале родителите во моментот на трагедијата./Извор:Makfax

✖