13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на подкастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).

Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како Грок, до која луѓето можат да пристапат преку Икс.

Роган се пошегува дека Грок има „валкан режим на разговор од 18+“ и „непресметлив“ режим, нарекувајќи го „многу чуден“. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс роботи, предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган, додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.

„Наскоро вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, Роган го прашал, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +

Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

C +
error: Соддржината е заштитена.