14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Полскиот министер: Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест

Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест, изјави денеска полскиот заменик министер за одбрана Сезари Томзик.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди прекин на воената помош за Украина по вербалната расправија меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор од Белата куќа. „Претседателот (Доналд Трамп) е јасен дека е фокусиран на мирот. Нашите партнери исто така треба да бидат посветени на таа цел“, рече изворот. Според него, помошта ќе биде суспендирана додека Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да започне мировни преговори.

Суспензијата се однесува на целата воена опрема што се уште не пристигнала во Украина. Овој потег на Америка уследи по минатонеделната средба меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба, која се одвиваше во тензична атмосфера, со повремени довикувања меѓу двајцата лидери.

Зеленски ја напушти Белата куќа по „гневната размена“ со Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека Зеленски „покажал непочитување“ кон САД во Овалната соба, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Алармантни податоци: СЗО предупредува на растечка закана

ДЕСК

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +
error: Соддржината е заштитена.