28. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Украинската војска објави дека соборила 107 од 208 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта во нов масивен напад. Според војската, уште 97 беспилотни летала биле „изгубени“ поради електронско заглавување, што значи дека украинските сили можеле да ги пренасочат или оневозможат преку други методи.

Деновиве Русија значително го зголеми бројот на беспилотни летала што ги користи против Украина – Володимир Зеленски изјави дека непосредно пред третата годишнина од војната биле лансирани 267 дронови, додека во последните три дена Москва ја нападна Украина со вкупно 551 беспилотно летало.

Во меѓувреме, во рускиот напад со употреба на клизни бомби врз градот Костијантинивка загинаа најмалку пет лица, рече регионалниот гувернер./Извор:Makfax