27. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте

-Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте, соопшти СДСМ.

„Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%.

Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.

И останатите економски параметри се лоши.

Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.

Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.

Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?

Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза.“ – се вели во соопштението.