10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Брнабиќ: Ќе се сретнам со Пицула, дали тоа ќе биде најубавото нешто во мојот живот – нема

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека во Белград ќе се сретне со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула.

„Дали тоа ќе биде најубавото нешто во мојот живот? Не. Дали би сакала да разговарам со Тонино Пицула како Ана Брнабиќ? Никогаш. Но, како претседател на Народното собрание на Република Србија, морам да разговарам со известувачот на Европскиот парламент“, изјави Брнабиќ за „Еуроњуз Србија“.

Пред четири дена Пицула го претстави нацрт-извештајот за Србија пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Документот најостро ги осудува нападите врз мирните демонстранти во земјата и неоснованите тврдења на српските власти дека земјите-членки на ЕУ биле вклучени во организирање студентски протести и покренување „обоена револуција“.

Исто така, укажува на стагнацијата на Србија во процесот на европска интеграција, нејзината неусогласеност со надворешната политика на ЕУ и проблемите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Брнабиќ истакна дека оценката на Пицула дека Србија постигнала ограничен или никаков севкупен напредок е „срамота“.

„Голем срам. Срам за него. И ќе видиме како ќе реагира Европскиот парламент. Ако усвои такви работи, фактички неточни работи што се во таа резолуција, тогаш ќе биде донекаде срам и за Европскиот парламент“, рече таа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ реагираше на статија на „Гардијан“, ја објавија во рубриката „писма од читатели“

C +

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

C +

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

C +