Утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со негативни утрински температури. Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.
Прогноза за 23.02.2025
Минимална температура: -9°C до 0°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 24.02.2025
Минимална температура: -8°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Умерено до значително облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 25.02.2025
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Умерено до значително облачно со локален слаб дожд, на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.