10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација
ЛОКАЛНО

7 тони кабаст отпад собрани во акцијата во општина Центар од 15 до 20 февруари

Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”.

Вкупно беа собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат.
На секоја од трите локации беа поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во раните утрински часови истиот беше собиран од службите на општината.

„Ги повикувам граѓаните и понатаму да бидат совесни и да го фрлаат отпадот на соодветните места. Да продолжиме заедно и одговорно да се грижиме за нашиот Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата продолжува и во следните два месеци, во периодот од 15 до 20 март и април, на локации за кои навремено ќе информира Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

C +

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование

C +