Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

-Со изјавата на Изет Меџити, партнерот на Мицкоски, дека планира две до три илјади вработувања на партиски кадри во администрацијата, се потврдува тезата на СДСМ дека се случува масовна партизација од страна на ВЛЕН во сите институции. Ова е со амин и во договор со Мицкоски. Пред изборите ветија мерит-систем, професионализација и праведна држава, а сега веќе е нова песна. СДСМ предупредуваше дека ова се случува а сега доаѓа како директна и бесрамна потврда од Меџити, вели во одговор на новинарско прашање, д-р Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

-ВЛЕН ја третира државата како приватен бизнис, кој треба да го наполнат со партиски војници. Мицкоски седи и немо гледа што се случува. Но јасно е дека ова не е случајна изјава. Се поставуваат прашања – дали веќе постои подготвен план за масовна партизација на институциите пред изборите? Дали јавната администрација повторно ќе се претвори во партиски штаб наместо во сервис за граѓаните?

СДСМ бара итно стопирање на сите партиски вработувања и преиспитување дали постои организиран план за масовна партизација од страна на Меџити. Македонија не смее повторно да стане заробена држава. Наместо партиска армија, на државата ѝ требаат реформи, економски развој и вистинска шанса за младите, рече Георигиева Трпевски.

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

ДЕСК

Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки – ја повикуваме стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес

ДЕСК

ЦАРИНАТА ПОКАЖА ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕТРЕСОТ ВО ПОЗНАТА СКОПСКА МОБИЛАРА: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица

ДЕСК