Познатиот германски боксер и европски шампион, Марио Дасер (36), е ранет во пукотница во Белград.
Престрелката се случила утринава околу 4 часот на улицата Кнез Данилова, а со Марио бил и М. А. (31), кој исто така бил ранет. Дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Белград е на самото место и води истрага во полиција.
„Се трага по две засега непознати лица, кои утринава околу 4 часот пукале кон оштетените на улицата Кнез Данилова“.
Дасер е роден на 14 април 1989 година во Хамбург. Во рингот влегол на 16 години.
Тој постигна голем број победи на импресивен начин со нокаутирање на противникот во првата рунда. Има импресивен учинок на 14 професионални натпревари – 14 победи, од кои 7 со нокаут.
Паралелно со спортот неговата популарност се шири како поради неговите достигнувања така и поради неговиот стил и начин на живеење. На социјалната мрежа „Инстаграм“ го следат над 770.000 луѓе./Извор:Makfax