22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ: Србија e една од најбезбедните земји во Европа

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа.

„Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, рече Вучиќ.

Тој наведе дека во 2001 година имало 3.140 разбојништва, а лани 496, дека во 2001 година имало 215 убиства, а во 2024 година 50 убиства и дека бројот на силувања е 3,4 пати помал од тогаш. Вучиќ додаде дека бројот на убиства постојано се намалува.

„Тоа значи дека воспоставивме добра соработка меѓу разузнавачко-безбедносниот сектор во целина и обезбедивме дa сме една од најбезбедните земји во Европа. Ова се добри резултати“, изјави Вучиќ./Извор:Makfax