-Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, кои повеќе наликува дека е министер без ресор, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, рече во одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност.
А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста.
По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.
На ова СДСМ предупредуваше со месеци во кампањата – од ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго.“ – рече Илиевски.