Centar.mk
БИЗНИС

Директорот на Царина: Во јануари приходите со раст од 321,7 милиони денари, поднесени кривични за 34 лица

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024 година. Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, при што се запленети 188,6 килограми марихуана и две лица се лишени од слобода, а претходно Царинската управа откри и спречи организирана криминална мрежа со употребувани автомобили, при што поднесе кривични пријави за 32 лица до ОЈО за организиран криминал и корупција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во емисијата Аргумент плус на телевизија 24 вели дека редот, дисциплината и посветеноста веќе седум месеци даваат извонредни резултати и оти царинските службеници не седат мирни и работат на сузбивање на криминалот.

Директорот истакна дека наскоро почнува и изградбата на новиот граничен премин кон Грција, Маркова Нога што се имплементира со средства од ЕУ, како дел од проектот „ЕУ за Преспа“.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +