Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во целата држава, најстудено во Берово

Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени -10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид и Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.

Времето денеска

Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ 4 НЕРАБОТНИ ДЕНА – Еве кога ќе одмараме за време на празничниот месец

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.