22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег./Извор:Makfax