18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на дипломатијата на Трамп: Да ја направиме Газа повторно убава

Соединетите Држави се „подготвени да ја водат и да ја направат Газа повторно убава“, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на Икс, повикувајќи се на слоганот „Направи ја Америка повторно голема“ што е клучен слоган на претседателските кампањи на Доналд Трамп од 2016 година.

„Газа мора да биде ослободена од Хамас… Како што [Трамп] рече денеска, Соединетите Држави се подготвени да водат. Нашата аспирација е траен мир во регионот за сите луѓе“, напиша Рубио.

Неговата објава доаѓа откако Трамп тврдеше дека 2,1 милиони луѓе кои живеат во Газа треба да се преселат во други арапски земји, дозволувајќи им на САД да го преземат Појасот Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Моќно зголемување на платите во Германија: Милони работници ќе ги добијат парите во следните недели

ДЕСК

Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

C +

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

C +